Нашите најдобри одбојкари со три максимални победи го затворија вториот турнир во Данска во рамките на Сребрената лига.
Тие денеска во Шлагелсе го совладаа Кипар со 3 спрема 1, по сетови: 25-22, 25-18, 18-25 и 25-22 и со вкупно 5 победи и 1 пораз вклучувајќи го првиот собир во Струмица го освоија првото место во групата.
Сега Македонија и Данска заедно со Хрватска и Унгарија од втората група, ќе настапат на финалниот турнир во Сребрената лига кој ќе биде реализиран во Струмица.

