Капитенот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин поради повреда не го заврши финалето од Лигата на шампионите против Челзи, бидејќи при еден дуел со Рудигер се здоби со незгодна повреда на носот.
Белгискиот фудбалер со големи болки мораше да го напушти теренот, а последните информации велат дека повредата не е сериозна и тој веќе и отпуштен од болница.
„Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на очната коска. Се чувствувам добро. Сè уште сум разочаран од вчерашниот пораз, но ќе се вратиме посилни“, напиша Кевин Де Бруин на својот Твитер профил.
Повредата на Де Бруин доаѓа во незгоден момент за него и репрезентацијата на Белгија која се подготвува за настап на претстојното Европско првенство.

