Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има намера да го продолжи договорот со клубот, ова го објавија неколку водечки медиуми во Шпанија.
Според истите, 35-годишниот Шпанец сака да остане во мадридскиот клуб и побарал да го продолжи договорот со него до 2023 година. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се уште не одлучил дали клубот ќе потпише нов договор со играчот. Во сезоната 2020/2021, Рамос одигра 21 натпревар за Реал Мадрид, на кои постигна четири погодоци и една асистенција.
Како што беше соопштено на крајот на април, дефанзивецот сакаше да добие двегодишен договор, за кој шпанскиот фудбалер е подготвен да ја намали платата за 10%. Кон крајот на март, медиумите соопштија дека Реал му нуди на Рамос договор на една година со намалување на платата од 20%, но играчот одби.

