Серхио Кун Агуеро е на неколку часа од потписот со Барселона. Утрово напаѓачот бил снимен како го напушта својот хотел и заминува во автомобил со претставници на клубот.
Најверојатно, Аргентинецот бил однесен во клупските канцеларии за да го финализира неговиот трансфер. Се претпоставува дека тој ги поминал задолжителните лекарски прегледи вчера.
Кун доаѓа како слободен агент од Манчестер Сити и Каталонците нема да платат ништо за него. Агуеро брза да го заврши процесот на неговиот трансфер во Барселона, затоа што мора да лета во својата татковина, бидејќи на неговиот национален тим му претстојат светски квалификации и натпревари од Копа Америка.

