Холандија и Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година. Холандија ја победи Франција со 2-1 во Будимпешта во меч во кој Мирон Боаду постигна два гола, а Упамекано погоди за Франција во 23-та минута.
Во полуфиналето Холандија ќе игра против Германија откако Бундестимот ја победи Данска на пенали.
Во Марибор, со двата гола на Хави Поадо, Шпанија ја победи Хрватска со 2-1 по продолженијата, откако регуларниот дел заврши 1-1.
Така, Шпанците ја очекуваат Португалија во полуфиналето, откако тие, пак, ја победија Италија со 5:3 по продолженијата.

