Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часот) на Националната арена „Тодор Просеки“ ќе го одигра првиот тест-натпревар пред дебитантскиот настап на Европското првенство.
Во Скопје гостува Словенија, против која очекуваме добра пополнетост на трибините. Македонија во петок ја очекува уште еден тест-меч со Казахстан, а селекторот вели дека и на двата меча сакаат победа.
„Словенија е репрезентација што ни е доста добро позната, нѐ очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовката за она што ќе нѐ очекува на мечевите во Букурешт. Секако како и на секој меч, така и на овие, сакаме да победиме“, вели селекторот Игор Ангеловски.

