Претседателот на управниот одбор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, поднесе оставка од функцијата генерален директор , стои во соопштението на официјалната веб-страница на Баварците. Неговото место ќе го заземе легендарниот голман, Оливер Кан.
„ Го правам тоа во најсоодветниот момент. Подготвуваме финансиски извештај за сезоната и во исто време започнуваме со нов тренерски тим. Оливер Кан, како нов извршен директор треба да биде одговорен од самиот почеток. Пред две години реков дека планираме постепена транзиција и сега таа е во тек“ – вели Румениге.
Неговиот договор со Баерн Минхен беше до 31 декември 2021 година, но, специјалистот реши да ја напушти функцијата пред предвидениот рок. Тој е дел од лидерската структура во тимот од 1991 година.
