Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена на тест натпреварот против Словенија со убедливи 3:0.
На мечот кој беше одигран во Терме Чатеж, Македонија буквално го загуби натпреварот ушет во првите неколку минути од натпреварот кога Словенија дојде до брзо водство од 2:0. Матко во 2.минута и Прелец во 7.минута и донесоа предност на Словенија, додека на минута пред крајот на првиот дел Светлин зголеми 3:0 со кои се отиде на одмор.
Во вториот дел Македонија се обиде да го намали резултатот, но не успеа во тоа, а од 76.минута играше и со играч помалку поради исклучувањето на Илиевски.
Ова беше контролен натпревар преку кој селекторот Милевски можеше да види со кој потенцијал ќе располага во следните квалификации за ЕП.

