Аргентина и Чиле одиграа 1:1 во синоќешниот меч од квалификациите за СП 2022. Лионел Меси погоди за домаќините од пенал во 23-та минута, а Алексис Санчез израмни на 1:1 во 36-тата минута.
Следниот натпревар на Аргентина е против Колумбија во вторник. Чилеанците, кои денеска ги водеше новиот селектор Мартин Лазарте, ќе бидат домаќини на Боливија.
Уругвај разочара со ремито против Парагвај играјќи без голови, 0:0. Боливија ја забележа првата победа во квалификациите, совладувајќи ја Венецуела со 3:1, додека најубедливата победа а оствари Колумбија, која со 3.0 славеше на гости кај Перу.

