Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е исклучен од составот на Англија за Европското првенство 2020 и ќе го пропушти ова натпреварување, објави „Би-Би-Си“
22-годишниот фудбалер се здоби со повреда на бутот на неодамнешниот пријателски натпревар против репрезентацијата на Австрија кој заврши 1:0. Пред тоа, во повеќе наврати беше објавувано дека Трент нема да биде вклучен во списокот на репрезентацијата за ЕУРО 2020, но тој беше вклучен во проширената листа, а потоа, работејќи на тренинг кампот, го убеди стручниот штаб дека треба да оди на ЕУРО.
Трент Александар-Арнолд се очекува да паузира најмалку шест недели. Репрезентацијата на Англија во групната фаза ќе игра со селекциите на Хрватска, Чешка и Шкотска.

