Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја да победат на гостувањето кај Еуро Никел со 95:91 во вториот меч од финалната серија од домашниот шампионат која се игра до три победи.
Во салата во Гевгелија победникот беше решен во втората половина од последната четвртина кога гостите од Скопје направија серија 14-4 и дојдоа до плус седум (86-79). Во победничкиот состав се издвоија Бојан Крстевски со 22 поени и пет скока и Магдевски кој средбата ја заврши со 20 поени а напрви и по пет скокови, асистенции и украдени топки. Во екипата на Еуро Никел најпрецизен беше Роберт Рикиќ со 33 поени и 12 скока.
Наредната пресметка меѓу двата тима ќе биде в недела во Скопје. Доколку победи МЗТ Скопје ќе се израдува на осмата титула во спортивно серијата ќе продолжи со нов меч во Гевгелија.

