Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на арената – „Тодор Проески“ во Скопје го совлада Казахстан со 4 спрема 0 во последниот контролен натпревар пред заминувањето на Европското првенство.
Головите за нашата репрезентација ги постигнаа: Алисоки од пенал во 35 минута, Тричковски во 57-та, Ристовски 74-та и Чурлинов 76-та.
Македонската фудбалска експедиција во вторник ќе замине за Букурешт. Дебитантскиот меч на ЕП ќе го имаме против Австрија на 13 јуни.

