Еден од најдобрите напаѓачи на Аргентина, Карлос Тевез, реши да се повлече од фудбалот и да стави крај на богатата кариера. 37 годишниот играч остава простор дека ќе се премисли но, никогаш повторно нема да заигра за Бока.
„Многумина ми велеа да почекам барем до декември, луѓето да се вратат на стадионите. Јас сакав да се повлечам и да зачувам посебни сеќавања. Не постои ништо поубаво од последните овации за Марадона на теренот, последен пат кога мојот татко ме гледаше како играм и станувам шампион. Мојата крв не е црвена. Таа секогаш ќе биде сино-жолта“ вели Тевез.
Аргентинецот кариерата ја започна и ја заврши во Бока. Тој играше и за бразилскиот тим Коринтијанс, за Вест Хем, Манчестер Jунајтед, Манчестер сити и Јувентус а беше и во Кина. За репрезентацијата на „гаучосите“ настапи на 76 натпревари и постигна 13 голови.
