Македонија и Финска се дебитанти на престојното ЕП во фудбал, а впрочем овие две репрезентации се сметаат за најголеми аутсајдери на ова Европското првенство.
Како на Македонија , така и на Финска им се дава мала шанса за изненадување на овој фудбалски собир, додека како главни фаворити за освојување на трофејот се сметаат други репрезентации. Букмејкерите сметаат дека најмали се шансите Македонија и Финска да направат сензација, но затоа главната фаворитска улога им ја даваат на Белгија, Англија, Шпанија и Германија, како и бранителот на титулата Португалија. Во групата заедно со Холандија, Украина и Австрија, нашите репрезентативци се со најмали шанси за пласман во втората фаза во очите на светските букмејкери.
Европското првенство стартува на 11 јуни, а задача на македонските фудбалери е одново да покажат дека заслужено се меѓу најдобрите европски репрезентации на овој собир.

