Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска го совладаа Еуро Никел со 89 спрема 78 и со максимални 3-0 ја освоија осмата титула во домашниот шампионат
. Во салата- „Јане Сандански“ во Скопје, домаќинот имаше контрола на мечот од првата до последната минута и сосема заслужено се израдува на нов пехар.
Кај МЗТ Скопје најдобар на теренот беше Андреј Магдевски со 21 кош пред Бојан Крстевски со 16-ет додека кај гостите Никола Караколев и Роберт Рикиќ имаа по 16 поени.

