Македонските одбојкари не успеаа да го искористат домашниот терен во Струмица и да го освојат златниот медал во Сребрената лига на Европа.
Тие денеска загубија во финалето од селекција на Данска со 3 спрема 1. „Спартанците“ добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:23, но, потоа противникот наметна жестокот темпо и успеа да ги добие наредните три сета со 25:19, 27:25 и 25:19.
Претходно во битката за третото место селекцијата на Унгарија ја совлада Хрватска со 3 спрема 2.

