Десет играчи на Реал Мадрид не сакале Антонио Конте да го преземе нивниот тим, тврдат одредени новинари кои ги следат состојбите во Реал Мадрид.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез преговарал со италијанскиот стручњак, но во позадина се појавил одреден тивок револт кај одредени играчи кои го контактирале Перез и му рекле дека ќе си заминат доколку Конте го назначи за тренер. Ова го поттикнало Перез да се премисли и да го сврти вниманието кон друг Италијанец, Карло Анчелоти, кој на крајот беше избран да го замени Зинедин Зидан.
Од друга страна, Антонио Конте е сè уште без тим откако го напушти Интер по крајот на минатата сезона, во која ги предводеше „нероаѕурите“ до нивната прва титула во Серија А во последните 11 години.

