„HITC Sevens“ го рангираше нашиот селектор, Игор Ангеловски на петтото место пред почетокот на континеталниот фудбалски собир.
– Нема дилеми дека тој е еден од помалку познатите селектори на првенството можеби и најнепознат. Во својот мандат Ангеловски изгуби 16 од 50 натпревари, ја однесе Македонија на првото големо натпреварување и не треба да се заборави дека ја победи Германија“, стои во текстот за Ангеловски.
На врвот на листата е селекторот на Франција, Дидие Дешамп пред италијанецот Роберто Манчини, Шпанецот, Луис Енрике и Португалецот, Фернандо Сантош.

