Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари е назначен за тренер на Лацио. Клубот јавно го потврди назначувањето на Маурицио Сари објавувајќи информација преку Твитер.
Ова беше потврдено и пренесено и од сите медиуми во Италија кој објавија дека договорот важи до 2023 година. Да потсетиме, претходен тренер на Лацио беше Симоне Инзаги. По завршувањето на минатата сезона, тренерот се согласи со клубот за нов договор, но потоа се предомисли и поднесе оставка. По некое време го презема шампионот Интер, од каде замина Антонио Конте.
Сари е без работа откако го напушти Јувентус во август минатата година. Под негово водство, клубот од Торино ја освои титулата шампион на Италија. Во сезоната 2018/2019, италијанскиот тренер го предводеше Челзи, со кој го освои трофејот во Лига Европа. Пред тоа, Сари беше тренер на Наполи, Емполи и други италијански екипи.

