Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе мора да ги намали барањата за плата доколку сака да се пресели во друг клуб во текот на летниот преоден рок.
Според информациите, во моментов, ниту еден тим нема да може да му ја исплати актуелната плата на Португалецот која сега ја прима во Јувентус во висина од 30 милиони евра по сезона. Единствената опција за Роналдо е да ги намали своите барања или да потпише договор според кој оваа плата ќе се распределува во неколку сезони.
На Роналдо му преостанува една година од договорот со Јувентус, но се зборува за негова преселба во ПСЖ или Манчестер Ј.

