Нашиот репрезентативен голман, Дамјан Шиковски, на денешната прес-конференција во Букурешт изјави дека фудбалерите не чувствуваат притисок пред деби-мечот на Европското првенство.
„Сите ќе бидеме мотивирани в недела без разлика кој ќе игра а кој е на клупата. Австрија двапати не победи на претходните квалификации, но, сега не чека различен натпревар“ – вели Шишковски.
„Австрија сега е за нас најзначајна и се надевам дека ќе биде најдобриот меч во историјата на репрезентацијата. Верувам дека дефанзивата ќе го одлучи победникот, можеби и само оделни минимални грешки може да бидат пресудни „ – вели Шишковски

