Холандската амбасада во Скопје објави дека нашава земја останува на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.
Аналогно на тоа, сите наши фанови кои обезбедија влезници за мечот Холандија – Македонија, нема да можат да патуваат во Амстердам.
„Ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку влегувате во една од категориите кои се надвор од забраната за патување“ – се вели во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

