Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сејдини: Иако сме мала држава, имаме големи соништа!
    Фудбал

    Сејдини: Иако сме мала држава, имаме големи соништа!

    risteBy riste12/06/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден ден ја дели Македонија од дебитантскиот настап Европскота првенство, а првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), Муамед Сејдини им се обрати на навивачите и на нацијата и со емотивна порака испрати поддршка до нашите репрезентативци предводени од селекторот Игор Ангеловски:

    Обраќањето на Сејдини ви го пренесуваме во целост:

    „Таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска. Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава. На заедништво. Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот! Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници. Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство. Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја.

    Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија. Тие емоции од Грузија со ништо дотогаш не можат да се споредат. Беа искрени и едноставно доаѓаа од целата наша држава како реакција на сѐ она што во годините наназад ни се случуваше во фудбалот. Таа колективна екстаза и во време на здравствена епидемија доведе до тоа на скопските улици за прв пат да се скандираат имињата на македонските фудбалери. 

    Во ова наше општество на невозможни институции и Македонци и Албанци и Турци и Роми се обединети кога е во прашање фудбалската репрезентација. Тоа треба да ни биде пример за начинот на кои сите треба да се однесувааме. Во победа или пораз – таква Македонија сакаме. И не само фудбалска. Никогаш не сме биле европски прваци. Но, никогаш во своите глави не сме биле поблизу до тоа чувство од овие денови пред Европското првенство. 

    И што и да се случи, ова чувство и оваа наша моќ никој не може да ни ја одземе. Ниту оваа фудбалска Македонија. Самоуверена. Моќна. Храбра. Оптимистична. Ова е победа за сите кои барем еднаш во животот го облекле дресот на Македонија. И сите имаат заслуга за овој историски момент. Од првиот до последниот. Како Фудбалска федерација на Македонија сме сигурни дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат се од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа. 

    А, ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост. Ние сме мала држава, но имаме големи соништа. 

    Столе, Ристе, Дамјан, Висар, Егзон, Кире, Стефан, Дарко, Ѓоко, Езџан, Енис, Аријан, Бобан, Стефан, Елиф, Тихо, Даниел, Марјан, Ферхан, Дарко, Горан, Иван, Милан, Аце, Крсте, Влатко…уживајте, давајте сè од себе, па што биде.

    Напред Македонија!“ 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.