Предводникот на Англија, Герет Саутгејт нема да биде разрешен од функцијата селектор, дури и ако резултатот на Европското првенство кое започна вчера се покаже како неуспешен, пишува „Тајмс“.
ФА е задоволна од перформансите на англискиот тренер и е решена да создаде млад тим со цел да се пласира во финалето на Светското првенство следната година. Раководството на ФА смета дека натпреварот на Европското првенство – 2020 година со Хрватска (13 јуни) не треба да се смета како индикатор за развојот на националниот тим.
Англија цели барем во полуфиналето на Евро 2020, но ако се пласира во плејофот против силен ривал како што е Португалија, и бидат елиминирани, тпа нема да се смета за неуспех, па Саутгејт ќе продолжи да ја води репрезентацијата и на СП во 2022 година.

