Според проценките, повеќе од 4000 фанови на нашата фудбалска репрезентација ги преплавија улиците низ Букурешт во очекување на деби-мечот против Австрија на Европските шампионите.
Во одличниот амбиент во кој доминира „црвено-жолтата“ боја, илјадници фанови се движат кон стадионот за да ги поминат строгите процедури поврзани со пандемијата на Ковид-19 и да се сместат на трибините на арената во Букурешт.
За целата ситуација да биде под контрола се грижат лицата задолжени за безбедност од ФФМ како и одреден број на македонски полицајци кои деновиве ќе соработуваат со нивните колеги во Романија.

