Турски Бешикташ му понуди на бразилскиот играч за врска Алекс Тешеира договор до 2023 година со плата од 2 милиони евра годишно со можност за продолжување на уште една сезона.
Според одредени извори од Турција, фудбалерот сака плата од 3 милиони евра годишно. За возврат, турскиот клуб му понуди на 31-годишниот Бразилец бонус од 1,5 милиони евра по потпишувањето на договорот. Преговорите меѓу двете страни се во тек.
Во 2021 година, Тешеира заврши со играњето во Кина, каде настапуваше од 2016 година. Претходно, фудбалерот играше за Шахтјор Доњецк и Васко де Гама во Бразил.
Во декември 2020 година беше објавено дека Тешеира е подготвен да игра за репрезентацијата на Кина, под услов клубот да му понуди нов договор за 80 милиони евра.

