Ѕвездата на репрезентацијата на Словачка Марек Хамшик ја санираше поврфедата и ќе може да игра на дебитантскиот натпревар на земјата на Евро 2020 против Полска. Натпреварот е денес во 18.00 часот во Санкт Петербург.
„Се чувствувам здраво и подготвено. Не се квалификувате на Европско првенство секој ден, особено кога сте од земја како Словачка”, рече 33-годишниот играч за врска. Словачка дебитираше во европските првенства на шампионатот во Франција во 2016 година. Таму тимот стигна до четвртфиналето, каде загуби од Германија.
Како резултат на проблеми со повредата, Хамшик оваа година не играше за националниот тим, но сега ќе биде од голема помош неговото искуство за натпреварите кои ја очекуваат неговата селекција.

