Една од легендарните фигури во македонскиот фудбал, Ѓорѓи Христов, беше дел од армијата навивачи кои во Букурешт ја следат македонската фудбалска репрезентација на ова ЕП. По вчерашниот меч со Австрија, следејќи го мечот Холандија – Украина, разговаравме и за поразот и за следниот меч со Украинците.
„Јас сум секогаш оптимист. Без разлика на поразот, не очекуваат уште два меча. Австрија не надигра и мора да признаеме, но Украина е селекција од сосема поинаков ков. Против нив ја гледам нашата шанса за победа. Ништо не е загубено“, вели Христов.
Комплетниот разговор со нашиот голгетер ќе го слушате на Спортското радио 90.3 фм.

