Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дејан Ловрен, вели дека не жали за одлуката да ги напушти „црвените“ и да се пресели во редовите на Зенит од Санкт Петербург.
„Не, не жалам што го напуштив Ливерпул. Јас не сум таков човек. Јас ја донесов мојата одлука затоа што чувствував дека е коректна. Не гледам назад. Дури и грешките што ги направив во мојата кариера имаа причини. Преку грешките, станав тоа што станав. Напуштањето на Ливерпул не беше грешка бидејќи освоив два трофеја во мојата прва сезона во Зенит. Јас можам само да се гордеам со мојот чекор “, – вели Ловрен.
Репрезентативецот на Хрватска ги бранеше боите на Ливерпул од 2014 до 2020 година, станувајќи шампион на Англија и победник во Лигата на шампионите.

