Данскиот играч за врска Пјер-Емил Хајбјерг, се осврна на моментот со Финска кога неговиоt соиграч Ериксен колабираше на теренот а дуелот по подолг прекин сепак се доигра и заврши со победа на Финците.
„Игравме за Кристијан и за сите што не поддржаа. Добивме толкава поддршка. Не знам како да им се заблагодарам. Кристијан ни рече дека мора да одиме напред и да размислиме за наредниот натпревар. Тој зборуваше на негов начин. Сè е во ред со Кристијан, тој не поддржа“ – вели Хајбјерг.
„Во тој момент се свртев и видов дека Мехле се подготвува да ја фрли топката од страна. Го погледнав Кристијан, ги видов неговите очи. Тогаш Симон Кjeр нагло истрча и почна да мавта со рацете, разбрав дека ситуацијата е тешка. Беше страшно“ – потенцираше играчот на Данците.

