Фудбалерите на Аргентина доцна во ноќта одиграа 1:1 против Чиле на стартот на Копа Америка. Капитенот на „гаучосите“, Лео Меси, успеа да дојде до 39- гол во репрезентативниот дрес и на тој начин да го подобри рекордот на Габриел Батистута.
„Натпреварот беше тежок. Ни недостасуваше контрола на топката и брзина во нападот. Пеналот го промени текот на натпреварот. Сега имаме меч со Уругвај кој нема да биде полесен. Значајно е да се подготвиме и да славиме“ – изјави Меси.
Аргентинците немаат победа во последните три средби одиграни во различни конкуренции.

