УЕФА денеска го одреди Аргентинецот, Фернандо Рапалини, да биде главен судија на мечот в четврток меѓу Македонија и Украина кој ќе биде одигран во рамките на 2 коло во групата „Ц“ на Европското првенство.
Натпреварот ќе го одиграме на арената во Букрешт а за првпат во историјата на едно Европско првенство ќе се појави судија кој не е од Европа.
Помошници на Рапалини ќе му бидат Диего Бонфра и Хуан Пабло Белати. Чеврти судија ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.

