Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој настапил на пет Европски првенства откако се најде во составот на својата репрезентација на мечот со Унгарија на Евро 2020.
Роналдо го имаше своето деби на Евро во 2004 година и од тој момент нема пропуштено настап на ЕП. Во 2016 година, репрезентацијата на Португалија го освои Европското првенство, совладувајќи ја Франција во финалето (1:0).
Да потсетиме во групата Ф, покрај Унгарците и Португалците, се наоѓаат и репрезентациите на Франција и Германија кои играат вечерва во Минхен.

