УЕФА нема да ги исклучи екипите на Барселона, реал (М) и Јувентус од следното издание на Лигата на шампионите. Според информацијата на шпанските медиуми, трите тима ќе можат да учествуваат на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите.
УЕФА им се закани на трите клуба иницијатори за формирање на Суперлигата дека ќе ги исфрли од натпреварувањето, но тоа по се изгледа нема да се случи.

