Хрватскиот стратег Ивица Олиќ поднесе оставка од функцијата главен тренер на московска ЦСКА. Според информациите од руските медиуми, на негово место седнува една од легендите на клубот, Алексеј Березутски.
Тој ќе ја врши должноста тренер во период до назначување на официјално ново тренерско име. Клубот не ги прецизира причините за прекинување на соработката со 41-годишниот Олиќ, кој го презеде тимот на почетокот на април оваа година.
Под негово водство, тимот одигра девет натпревари, извојува четири победи, претрпе четири порази и еднаш ремизираше.

