Една од највртените песни овој јуни е дефинитивно навивачката химна „Одиме на Европско“. Во Букурешт екипата на Спортското радио 90.3 фм во непосредба дружба со членовите на бендот кој се потпиша зад навивачкиот хит посветен на нашата национална селекција, Сашо Љолес, кој беше на првиот меч со Австрија, а остана во Букурешт да ја бодри Македонија и на втората пресметка утре со Украина.
„Се оствари нашиот сон од детство, како што вели и самата песна, навистина прекрасна атмосфера како за премиерно учество на европско првенство. Еве, конечно, и ние еднаш да бидеме на еден ваков голем собир. Навистина ми е криво за поразот од Австрија, меѓутоа бевме сведоци на првиот историски гол на Македонија на Европско. Да се надеваме дека во четврток ќе бидеме сведоци на првото реми или првата победа. Со тоа ќе ни се отвори и вратата за пласман во втората фаза“, искрен е Сашо Љољес, еден од членовите на ВИС Рисови кои во соработка со ФФМ ја направија фантастичната навивачка хима на нашата репрезентација за ова ЕП.
Комплетниот разговор проследете го на нашата фреквенција денеска.

