Со посебна чест ги дочека нашите навивачи уште на неколку дена пред првиот настап на нашата репрезентација. Деновиве честопати е со навивачите низ улиците на Букурешт, а одвои време за разговор и со медиумите. Амбасадорот на Македонија во Романија, Габриел Атанасов, во разговор за Спортското радио 90.3 фм со свои впечатоци од првите денови на ЕП, но и од сликата која македонските навивачи ја оставија за Романија и цела Европа.
„Многу е важно што учествуваме на ова Европско првенство. Имам чест да бидам амбасадор токму во овој период. Го проследив со голема пасија првиот натпревар, нашите момци дадоа се од себе, но убеден сум дека за вториот натпревар ќе имаат уште поголема мотивација. Најважно е што ние сме препознатливи овде во Романија и во светски рамки. Ова е најдобрата промоција за нашата земја“, вели амбасадорот Габриел Атанасов.
Комплетниот разговор ќе имате можност д аго проследите денеска на програмата на Спортското радио 90.3 фм.

