УЕФА го казни австрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ, со забрана за настап на еден меч на Евро шампионатот поради неговито испад на мечот со Македонија во 1 коло во групата „Ц“.
Причина за казната на Арнаутовиќ беа навредливите зборови на национална основа упатени кон нашиот фудбалер, Езган Алиоски. Напаѓачот на Шангај СИПГ подоцна преку социјалните мрежи се извини за неговиот испад и негираше дека е расист.
32-годишниот играч на Австрија поради казната од УЕФа ќе мора да го пропушти утрешниот меч со Холандија.

