Фудбалскиот репрезентативец на Шведска, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, се огласи на социјалните мрежи и потврди дека се опоравил од Ковид-19 и дека се вратил во тренинг процес.
21-годишниот напаѓач денеска одржа индивидуален тренинг во шведскиот табор во Гетеборг бидејќи сите други имаа слободен ден.
Кулушевски веројатно в четврток ќе биде дел од експедицијата која ќе полета за Санкт Петербург на вториот натпревар во групата против Словачка закажан за в петок.

