Фудбалерот, Калвин Филипс, кој имаше одлична сезона во дресот на Лидс и успеа да се избори за место во репрезентацијата на Англија на Европското првенство, може да добие понуда од Реал Мадрид.
Наводно, новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти, го гледа Филипс како идеална замена за ветеранот, Лука Модриќ, кој треба да ја одработи последната сезона кај „белите“.
Филипс на Евро 2020 имаше одличен настап на мечот со Хрватска и беше асистент на единствениот погодок кој го реализираше Рахим Стирлинг и кој им донесе три бода на Англичаните.

