Нашиот фудбалски селектор, Игор Ангеловски, пред утрешниот значаен меч со Украина на Европското првенство, нагласи дека треба да останеме максимално сконцентрирани.
„Дојдовме тука со цел да се бориме за пласман во осмина-финалето и таа цел стои пред нас. Победникот од натпреварот ќе ги зголеми шансите. Доколку Украина не успее да ја мине групата тоа е за нив трагедија“ – вели Ангеловски.
„Ќе играме против многу квалитетна селекција која, покажа карактер и се врати од 2-0 против Холандија. Имаат квалитетни индивидуалци како Малиновски, Зинченко, Јармоленко. Не чувствуваме притисок како нив“ – изјави Ангеловски.

