Нашиот стопер, Дарко Велковски, верува дека Македонија на денешниот меч со Украина кој ќе започне во 15.00 часот на Арената во Букурешт, може да ги освои првите бодови на Европското првенство.
„Австрија и Украина играат висок пресинг. Украинците не се толку дисциплинирани како Австријците, што значи дека ќе имаме повеќе шанси да ги нападнеме, како преку средината така и преку контра нападите“ – вели Велковски.
„Се надевам дека ќе ги искористиме тие шанси и ќе дојдеме до посакуваната победа. Пред сè треба да бидеме сконцентрирани во текот на целиот натпревар“ – нагласи нашиот фудбалски репрезентативец во изјавата за националниот сервис.

