Селекторот на финската фудбалска репрезентација, Марку Канерва, ја пофали играта на неговиот тим и покрај поразот од Русија на ЕП.
„Разочарани сме од резултатот, сакавме да победиме. Постојат многу различни драматични моменти во фудбалот. Тоа се случи во почетокот на мечот кога нашиот гол беше поништен“ – рече специјалистот на задолжителната прес-конференција.
„Имавме повеќе шанси за гол отколку на мечот со Данска, но, не можевме да ги искористиме. Во одбрана игравме добро. Горд сум на играчите, дадоа се од себе ” – додаде Канерва.

