Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вчера одржа концерт во Букурешт, Романија на кој се појави во дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.
На концертот беше поканета и Македонската фудбалска репрезентација како и познати светски имиња.

