На неколку часа пред мечот со Украина, во Букурешт, Спортското радио 90.3 фм на средба со нашиот екс-репрезентативец Горан Попов.
„Украина има квалитетни играчи. Сум играл таму две години и знам каков квалитет имаат. Но, ако им парираме на нивните најдобри играчи како Малиновски и Јармоленко, кои се носители на играта, можеме да одиграме добро. Мора да ги спречиме и да одиграме како што одигравме против Грузија, Германија…“, вели Попов, кој две години од својата фудбалска кариера помина во Динамо Киев.
Комплетниот разговор следете го на Спортското радио 90.3 фм.

