Македонската фудбалска репрезентација е поразена и во вториот натпревар на ЕП, овој пат од Украина со 2:1.
Противникот беше многу подобар во првиот дел и успеа да дојде до предност со головите на Јармоленко во 29.минута и Јаремчук во 34.минута, а Макеоднија воопшто не се закани кон противничкиот гол, единствено имаше една акција во која постигнавме гол преку Пандев, но беше оправдано поништен поради офсајд.
Во второто полувреме во игра влегоа Трајковски и Чурлинов и веднаш почнавме да создаваме повеќе шанси, најнапред Адеми, а потоа и Трајковски кој ја погоди пречката, а на одбината топка натрча Пандев кој беше фаулиран и досуден пенал за Македонија. Ударот од белата точка го изведе Алиоски кој не успеа да погоди, но одбиената топка се врати повторно кај него и постигна гол за намалување на 2:1. До крајот на натпреварот имавме и ние шанси за израмнување, но и Украина од пенал преку Малиновски можеше да постигне гол, но одбрани голманот Димитриевски.
На крајот сепак Македонија го доживеа вториот пораз на својот дебитантски настап на Европските првенства, шанса за подобрување на впечатокот ќе го имаат во понеделник против Холандија во Амстердам.

