Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Димитриевски: Жал ми е што со одбранетиот пенал не помогнав да освоиме бод
    Фудбал

    Димитриевски: Жал ми е што со одбранетиот пенал не помогнав да освоиме бод

    risteBy riste17/06/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По дуелот со Украина одигран на „Националната арена“ во Букурешт, свое видување даде и голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски, кој беше најзаслужен што Македонија остана во игра за бод до самиот крај на натпрерварот.

    „Имавме два различни натпревари. Првиот беше доста добар, додека на вториот меч првиот дел беше послаб од вториот. Сепак, ја покажавме најдобрата игра на ЕП во вторите 45 минути. Искрено, не сум задоволен од себе, затоа што не ѝ помогнав на екипата да дојдеме барем до бод. Сепак, одиме до крај сите заедно. Кога говориме за пеналот, разговараме со сите тренери. Да се одбрани пенал не е лесно, ги имаме сите играчи простудирано. Ова не е само мој одбранет пенал, туку на сите нас. Сега следи Холандија, каде одиме да се покажеме во најдобро светло, па да освоиме барем бод“, изјави Димитриевски.

    Следниот натпревар, кој воедно че биде последен во групната фаза, за Македонија ќе биде во Амстердам на гостински терен кај Холандија (понеделник, 21.јуни од 18:00 часот).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.