Холандија веќе е во следната фаза на Евро 2020, а еден од главните играчи во тимот на Франк де Бур е играчот за врска Френки де Јонг.
Фудбалерот на Барселона настапи на високо ниво против Австрија, а по мечот го сподели своето мислење за победата со 2:0.
„Ова е идеално сценарио за нас – ја освоивме групата по второто коло. На последниот натпревар ќе играме без напнатост, но повторно ќе одиме на победа. Поведовме на почетокот. Австријците повеќе ја контролираа топката, но не се сеќавам на некои сериозни шанси пред нашиот гол. Заслужено победивме. Да учествувам на големо првенство со националниот тим беше мојот детски сон. И уште попријатно е што можам да играм пред нашите навивачи“, рече Де Јонг.

