Австрискиот селектор Франко Фода ги откри причините за поразот од Холандија 0:2. Ова беше прв пораз за Австријците на Евро 2020, откако на стартот во групата Ц ја совладаа Македонија со 3:1.
„Или грешевме со последното додавање, или нашите удари беа непрецизни. Не бевме доволно решителни во последната фаза од нападите. Затоа не создадовме многу чисти позиции”, коментираше Фода.
„Пред паузата лесно ја загубивме топката и му дозволивме на противникот да се закани кон нашиот гол. Во второто полувреме имаше подобрување, но не успеавме да најдовме начин да стигнеме до голот”, додаде австрискиот селектор.
Последниот натпревар за Австрија ќе биде директната пресметја со Украина за второ место во групата.

