Џенаро Гатузо ( 43) е близу до назначување за главен тренер на Тотенхем, објави на Твитер новинарот Николо Скира.
„Гатузо ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Договорот ќе биде до 2023 година со годишна плата од 2,5 милиони евра. Извршниот директор на Тотенхем Фабио Паратичи е во Милано и ќе се состане со Џенаро Гатузо во текот на денешниот ден за да ја реализираат целата зделка“, објави Скира.
Да потсетиме, Гатузо, три недели по назначувањето, ја напушти функцијата тренер на Фиорентина поради несогласувања со управата. Претходно, Џенаро Гатузо беше на чело на Наполи, од каде замина на крајот на сезоната 2020/2021. Во претстојната сезона, Наполи ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

